Некогашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон како што изгледа би можел да се врати во англискиот фудбал.
Фудбалерот за врска ги напушти „црвените“ во 2023 година и се одлучи да продолжи во Саудиска Арабија, меѓутоа набрзо одново заигра во Европа во дресот на холандскиот гигант Ајакс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британските медиуми сега пренесуваат дека Хендерсон сака повторно да ја промени средината.
Фудбалерот наводно не е задоволен од минутажата која има во Ајакс бидејќи од неговото доаѓање одигра само три натпревари.
Шпекулациите говорат дека клубови од Чемпионшип, но и од Премиер лигата покажале интерес да го доведат уште во јануари.