Законот според кои клубовите во Серија А за новите странци во првите две години од договорот плаќаат данок на само половина од неговата плата може да биде предуслов за враќање на стариот сјај на калчото.
Тој закон значи дека клубовите можат да си дозволат да понудат поголема плата и на тој начин да привлечат некои од најатрактивните фудбалери на денешницата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од оваа сезона на Апенините би можел да игра и Хатем Бен Арфа, отфрлениот син на францускиот фудбал. Бен Арфа правеше проблеми скоро секаде каде што играше.
После авантурата во Ница, ПСЖ и Рен стана слободен играч и според информациите на италијанските медиуми се одлучил да ја продолжи кариерата во редовите на Сампдорија.
Раководството на клубот од Џенова и Бен Арфа имале состанок после вчерашниот пријателски натпревар со Монако.
Дали овој 31 годишен фудбалер кој своевремено настапуваше во Премиер лигата за Хал и Њукасл ќе се пресели во Серија А ќе дознаеме во наредите денови.