Дома Фудбал Хари Кејн не знае кај се наоѓа: „Изгубениот компас“ на клупата се уште се бара…

Хари Кејн не знае кај се наоѓа: „Изгубениот компас“ на клупата се уште се бара…

Првиот меч во дресот на Баерн покажа дека на Хари Кејн ќе му треба малку време да се прилагоди на новата средина, а можеби најважниот сегмент што ќе треба да го реши е јазичната бариера.

Кејн доби половина час во убедливиот пораз на Баерн од РБ Лајпциг со 0:3. Дани Олмо доминираше, постигнувајќи хет-трик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Очекувано, Англичанецот беше првата атракција на вечерта, магнет за објективите, по можеби најголемиот трансфер во Европа летово.

Одличниот голгетер делуваше прилично изгубено и на клупата и на теренот и ќе мора да помине низ процес на адаптација.

Во еден момент камерите го забележаа како оди да му подаде рака на еден од членовите на Баерн, а кога сфатил дека поздравот нема да се случи, се однесува како ништо да не се случило.

Без сомнение, Кејн е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, но преселбата во нов клуб во друга лига никогаш не е лесна работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Денеска во Брисел беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Нации во која Македо…