Дома Топ вести Хари Кејн бара гаранции за да остане во Тотенхем

Хари Кејн бара гаранции за да остане во Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, бара гаранции од претседателот Даниел Леви и од бордот на директори дека менаџерот Антонио Конте ќе добие соодветна поддршка во текот на летниот преоден рок.

Дури откако ќе види како ќе се одвиваат работите,  англискиот репрезентативец ќе одлучи дали ќе остане во Тотенхем.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кејн сакаше да замине минатото лето кога беше на прагот на трансфер во Манчестер Сити. Неговата главна причина за тоа е што 28-годишниот капитен на Англија сака да почне да освојува трофеи во кариерата.

Сега, напаѓачот смета дека Конте е човекот кој може да стави крај на оваа суша без трофеј, која трае 14 години за Тотенхем. За ова, сепак, клубот мора да го поддржи Италијанецот со значителна сума за квалитетни трансфери на лето.

Според информациите, Кејн може дури и да потпише нов договор доколку види дека работите одат во правилна насока. Сепак, раководството на клубот не е подготвено да го поддржи Конте соодветно, напаѓачот најверојатно повторно ќе побара трансфер.

Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година, а е на мета на двата клува од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…