Сагата околу преминувањето на Нејмар од Барселона во ПСЖ се уште трае, но многумина се надеваат дека наскоро ќе пристигне конечниот епилог.
Бразилскиот фудбалер доби понуда од ПСЖ кариерата да ја продолжи таму, а понудата е тешка 30 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од тоа што заработува на „Камп Ноу“, а клубот од Париз по се судејќи ќе плати неверојатни 222 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Околу десетина дена трае сагата околу овој трансфер и се чини дека веќе сите се уморни. Нејмар се уште молчи, а како што се наведува тоа најмногу им пречи на неговите соиграчи од Барселона. Меси и компанијата сакаат да знаат која е одлуката на Бразилецот, па да бидат на чисто дали можат да сметаат на него и во следната сезона.
Мундо Депортиво објави денес дека се создала негативна атмосфера во соблекувалната на Каталонците бидејќи сите се свртеле против Нејмар. Како што се наведува, тие на Бразилецот му порачале дека им е мака од препукувањата по медиумите и неговото шоу кое е во центарот на вниманието.