Репрезентацијата на Бугарија во четврток би требало да ја пречека Унгарија во квалификациите за Европското првенство, но во овој момент одигрувањето на натпреварот е под знак прашалник.
Проблемот е во тоа што Бугарија не може да најде стадион на кој ќе се игра овој натпревар. Бугарските власти порад страв од навивачки нереди бараа натпреварот да се игра без публика и тоа УЕФА го прифати. Од безбедносни причини натпреварот беше преместен од Софија во Пловдив. Сепак стадионот во Пловдив во овој моемнт е под реконструкција и нема да биде завршена на време за одигрување на натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бугарите затоа сакаат да играат на „Арда Арена“ во Крџалија, но ниту самите не се сигурни дали тој стадион ги исполнува условите на УЕФА. Одговорот на европската фудбалска организација по тоа прашање и понатаму се чека.
Ако овој натпревар не се одигра на Бугарија и се заканува исфрлување од квалификациите и во тој случај најмногу би профитирала репрезентацијата на Србија со оглед дека би се избришале бодовите освоени против Бугарија.
Србите во натпреварот против Бугарија освоија еден бод, додека Унгарија освои три, па така Србија би била на врвот на табелата. Сепак, тоа ќе значи и дека момците на Пикси до крајот нема да одиграат ниту еден натпревар и Унгарија ќе има шанса да ги престигне.
TАБЕЛАТА ВО ГРУПАТА