Oткако Верстапен излета од патеката во трката за Големата награда на Велика Британија во првиот круг, Луис Хамилтон успеа да дојде до победата.
Верстапен кој во овој момент е лидер, a по трката го критикуваше Хамилтон кој ја славеше победата додека тој беше во болница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мило ми е што сум добро. Разочаран сум од начинот на кој ја завршив трката. Казната која беше изречена нас не ни помага и не е праведна во однос на опасниот потег што Луис го направи. Тоа што од болница гледав како се радува е непочитување и неспортско однесување, но да одиме понатаму“,
После објавата на Верстапен следуваше и одоговор од Хамилтон.
„Денес бевме потсетени колку овој спорт е опасен. Му посакувам брзо закрепнување на Макс, кој е неверојатен ривал. Мило ми е што е добро, но јас ќе продолжам да се тркам жестоко и фер пред се. Сон за секого е да победи пред домашната публика“, порача Хамилтон.