Дома Трансфер зона Хамес Родригез пред трансфер во Милан

Хамес Родригез пред трансфер во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори за трансфер на Хамес Родригез.

Колумбиецот сака да го напушти Евертон после заминувањето на Анчелоти и сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тренерот Бенитез му соопштил на Хамес дека може да си бара нов клуб, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе преговара со Милан.

Двете страни се блиску до договор и Хамес ќе потпише 3-годишен договор со „росонерите“ каде ќе заработува 5 милиони евра по сезона плус 1 милион бонус.

Хамес има уште една година договор со Евертон, па се очекува Милан да плати симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…