Ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез е на чекор од трансфер во Евертон, пренесуваат англиските медиуми.
Тренерот на „карамелите“ Карло Анчелоти одлично го познава Колумбиецот и тој е причината што Хамес одлучи да потпише за Евертон.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Двајцата се во одлични односи уште од времето кога заедно работеа во Реал Мадрид, па Хамес одлучи да ја прифати понудата да му се приклучи во Евертон.
29-годишниот Хамес има уште една година од договорот со Реал Мадрид, но јасно е дека за него повеќе нема место во тимот на Зидан.
Се уште не е јасно колку обештетување ќе добие Реал Мадрид за неговата слобода, но медиумите тврдат дека е постигнат начелен договор и се договараат последните детали.