Дома Трансфер зона Хал се засили со фудбалер на Интер, го сака и Нани!

Хал се засили со фудбалер на Интер, го сака и Нани!

Премеиерлигашот Хал е еден од најактивните клубови во последниот ден од трансфер пазарот и сака додатно да го засили тимот во борбата за опстанок.

Имено, Хал денес го комплетираше трансферот на италијанскиот дефанзивец Андреа Ранокија од Интер кој додаѓа на шестмесечна позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ранокија беше на излезна врата од Интер веќе подолго време бидејќи не добиваше голема минутажа, но сигурно ќе биде големо засилување за „тигрите“ во борбата за опстанок.

Притоа Хал е силно заинтересиран и за португалскиот репрезентативец, Нани кој моментално настапува во Валенсија.

Нани исто така би можел да пристигне на позајмица до крајот на сезоната, па останува да видиме дали клубот ќе успее да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Парите се спремни: Познато колку Манчестер Сити е спремен да потроши за замена за Родри

Манчестер Сити остана без Родри до крајот на оваа сезона, а тој е играч кој беше клучен во…