Дома Фудбал Англија Халанд прогласен за играч на годината во Англија

Халанд прогласен за играч на годината во Англија

Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) го прогласи напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23) за играч на годината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот ја доби наградата по извонредната прва сезона во Англија, во која собори бројни рекорди.

Тој постигна 36 гола во 35 лигашки натпревари, соборувајќи го претходниот рекорд од 34 гола во една сезона што го делат Енди Кол и Алан Ширер, кој стоеше речиси 30 години.

Вкупно минатата сезона постигна 52 гола на 51 настап.

Тој постигна неверојатни четири хет-трика во Премиер лигата, со уште еден во ФА Купот и пет гола во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.

Тој ја заврши сезоната со освојување на Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Халанд ја освои наградата пред соиграчите Кевин Де Брујн и Џон Стоунс, како и дуото на Арсенал Мартин Одегард и Сака, а потоа и капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…