Ерлинг Халанд чекаше понуда од Реал Мадрид, но на крајот како што стојат работите ќе се пресели во Манчестер Сити.




Мадридските медиуми денеска пишуваат дека главен виновник за таквата ситуација е Бензема кој го брка рекордот на Роналдо. Французинот започна да игра фантастично од заминувањето на Португалецот и сега сака да го стигне неговиот рекорд.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бензема има желба да остане до крајот на кариерата во Мадрид и да стигне до фамозната бројка од 450 постигнати голови на Роналдо.




Бензема сега е на бројката од 322 гола, му треба уште еден за да се израмни со Раул Гонзалес и затоа сака да игра на секој натпревар.




Планот е Бензема да одигра уште најмалку три сезони, но во нив ќе мора да биде на највисоко ниво и да постигне просек од 40+ голови за да го стигне Роналдо.




Дали е можно?




Со доаѓањето на Ерлинг Халанд такво нешто веројатно би било невозможно, а и Халанд не сака да пропушата на натпревари, па затоа за него подобра опција можеби е Манчестер Сити. Халанд, Бензема, Мбапе (веројатно доаѓа), Винисиус и Родриго би биле премногу,