Eрлинг Халанд во првото полувреме постигна хет-трик за Манчестер Сити против Лајпциг за водство на „граѓаните“ од 3:0, а со овие три гола младиот Норвежанец постави и неколку нови рекорди.
Халанд стигна до петтиот хет-трик за Манчестер Сити во сите натпреварувања оваа сезона, тоа е три повеќе од било кој друг играч од најсилните пет првенства. Исто така е првиот играч по Хари Кејн кој постигна пет хет-трика во една сезона по Хари Кејн во сезоната 2016/2017.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И тука не е крај на достигнувањата на норвешкиот голгетер.
Халанд постигна 30 голови на вкупно 25 натпревари во Лигата на шампионите со што стана најмладиот играч кој стигнал до оваа граница. Норвежанецот до оваа граница стигна со 22 години и 236 дена.
30 – Erling Haaland has scored 30 goals in 25 games in the UEFA Champions League, reaching this milestone in fewer matches than any other player, while he is also the youngest player to reach 30 goals in the competition’s history (22y 236d). Powerhouse. pic.twitter.com/13vKCvQdvY
— OptaJoe (@OptaJoe) March 14, 2023