Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери во светот и на крајот на сезоната сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд.




Каталонски Спорт тврди дека норвешкиот напаѓач има три опции во овој момент и дека три европски гиганти ќе ја водат главната битка за неговиот потпис.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Реал Мадрид се смета како фаворит за потписот на Халанд и „кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Норвежанецот.




Барселона и Манчестер Сити се другите два клуба кои до крај ќе се борат за потписот на Халанд.
„Во март, Халанд ќе ја донесе одлуката и ќе избере во кој клуб ќе игра“, пишува медиумот.