Македонската ракометна репрезентација до 18 години денес ја победи и Естонија со резултат 26:22 во последниот натпревар од групната фаза која нашите млади ракометни надежи ја завршија со максимален ефект.
Со вчерашнаа победа во овој ЕХФ шампионат против Швајцарија обезбедена ни беше првата позиција, но тоа не беше причина за денес да не се победи Естонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот беше решен после првото полувреме кое го добивме со големи девет разлика (16:7).
Во продолжение со оглед на што го имавме обезбедено првото место, но имавме голема предност селекторот Брестовац и мдаде шанса на оние кои до сега не играа многу.
Естонците тоа го искористија, но имаа сили само да го ублажат поразот не и за целосен пресверт.
Во нокаут фазата ќе играме со второпласираната селекција од групата Б каде што во директен дуел ќе решаваат Белорусија и Италија.