Фудбалскиот сојуз на Србија не се откажува.
Србија во вчерашниот натпревар забележа пораз од селекцијата на Швајцарија со 2:1, но во сојзуот на нашиот сметаат дека не е се завршено кога во прашање е тој натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, тие испратија жалба и во текот на денешниот ден се очекува истата да биде официјализирана.
Јован Шурбатовиќ, генералниот секретар на ФСС, истакна дека Србија нема да седи со скрстени раце.
„Жалбата ќе биде испратена, стручен тим веќе ја припрема со анализа на целиот натпреварот, не е во прашање само пеналот. Во текот на денешниот се ќе биде јавно објавено. Пред почетокот на натпреварот се жалевме бидејќи Шаќири на копачките го носеше знамето на Косово, баравме тој да ги промени, меѓутоа не добивме одговор. Од друга страна пак, ние сме казнети со 10.000 франки затоа што минијатурно знаме се појави на трибините 45 минути пред почетокот на натпреварот. Сега чекаме како ќе реагира ФИФА на двоглавиот ореал. ФИФА нема ист третман. Не е реално Швајцарија да биде исфрлена, но мораме да го заштитиме нашиот интегритет. Што нас не очекува против Бразил ако имаме ваков третман уште сега“, изјави Субатовиќ.