Барселона соопшти денес дека утре ќе се придружи на генералниот штрајк во знак на протест поради акцијата на шпанските власти во текот на гласањето на референдумот за независност на Каталонија.
Барселона наведе дека ниту професионалната екипа, ниту младинците нема да тренираат во вторник, а и седиштето на клубот ќе биде затворено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вработените во Барселона денес оддржаа 15минутен штрајк како осуда за насилството во текот на референдумот.
Џирона исто така ги откажа тренинзите за во вторник и наведе дека целиот клуб ќе биде затворен, додека Еспањол ќе го одработи тренингот зад затворени врати. Еспањол наведе дека ќе ја испочитува одлуката на своите вработени за тоа дали ќе штрајкуваат или не.
Барселона се обиде да го одложи неделниот натпревар против Лас Палмас,но шпанската лига го одби барањето на каталонскиот клуб, па мечот беше одигран пред празни трибини на стадионот „Камп Ноу“.
Фудбалскиот клуб Барселона, еден од главните симболи на Каталонија, отворено го поддржа оддржувањето на референдумот.