Во Шпанија се уште се пишува за сензацијата во Кралскиот куп и победата на Алкојано против гигантот Реал Мадрид (2:1), после продолженија.
Дебаклот на Зидан е тема на денот во шпанските медиуми, голем број критики стигнуваат на сметка на Зидан и неговите играчи за оваа бламажа. Во исто време додека на едната страна стигнуваат критики, на другата се величи 41 годишниот голман Хозе Хуан Фигуерас.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Овој човек е доказ дека во животот никогаш не е доцна за големи работи и ќе го памети триумфот против најголемиот клуб во светот се додека е жив. Фигуерас успеа да одбрани дури 10 шута на играчите на Реал, толкав број удари оваа сезона не успеал да одбрани ниту еден голмна во натпреварите против Реал Мадрид.
10 – No other goalkeeper has made more saves than Alcoyano’s José Juan Figueras 🇪🇸 in a game against Real Madrid this season in all competitions (10). Titan. pic.twitter.com/1AJCELv6r1
— OptaJose (@OptaJose) January 20, 2021
Херојот на оваа приказна еднаш во жвивотот бранел во елитниот ранг на шпанскиот фудбал и тоа во далечната 2003 година кога како член на „Б“ тимот на Слета беше прекомандуван во „А“ тимот затоа што останатите голмани беа суспендирани или повредени.
Во остатокот од кариерата бранел за клубови од понизок ранг, во втората и трета лига: Оуренсе, Мурсија Сити, Граната 74, Агиљас, Гранада, Луго, Елче и сега во Алкојано.
„Првите неколку одбранети удари ми дадоа самодоверба“, изјави 41 годишниот чувар на мрежата за шпанските медиуми и раскажа што се случувало на теренот.
„Голот на Милитао не поремети, но тренерот на полувремето ни кажа да излеземе и да уживаме против Реал. И понатаму сум во шок, ова е круна на мојата кариера“, зборуваше воодушевениот Фигуерас.
РЕАКЦИЈАТА КОГА ИГРАЧИТЕ НА ОВОЈ ТИМ ДОЗНАА ДЕКА ЌЕ ИГРААТ СО РЕАЛ
🎥| Alcoyano players' reaction when they found out they will play Real Madrid in Copa del Rey. 🎉pic.twitter.com/7rVbwIL5Pp
— Madrid Xtra. (@MadridXtra) January 8, 2021