Фудбалскиот свет вчера беше во шок откако Кристијан Ериксен се сруши на теренот на натпреварот помеѓу Данска и Финска.
Овој момент се случи во финишот на првиот дел кога данскиот фудбалер падна на теренот и веднаш на сите и беше јасно дека нешто не е во ред.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Лекарите се погрижија од камерите да сокријат што се случува користејќи чаршафи додека на носилки го изнесуваа од теренот.
Во оваа ситуација јавноста посебно се воодушеви од навивачите на Финска. Една група навивачи која беше на трибината пред која се сруши Ериксен даде големо знаме на Финска за да го искористат додека играчот се изнесуваше од теренот.
