Нголо Канте сигурно е најголемиот работник во Челзи, но и во француската репрезентација.
Канте е човек кој дава се од себе, но и трча во текот на сите 90 минути. Со својата харизма собра голем број фанови ширум светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден фудбалер од мал клуб во близина на Стразбур четири часа поминал во салонот за тетовирање за својот грб да го украси со играчот на Челзи.
„Често се обложувам со моите пријатели, но ова е нешто најлуди. Кога се обложите и ќе изгубите морате да бидете чесен. Го избрв Канте поради неговата насмевка, срамежливост, скромност и неверојатните можности“, изјави младиот 21 годишен фудбалер Алан.