Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиската Премиерлига, а головите ги постигнаа Тревох Чалоба и Николас Џексон.

Својот гол на интересен начин го прослави Чалоба, кој ги доведе „сините“ во водство во 24. минута, а потоа славејќи го подигна дресот и покажа дрес на кој беше испишана порака.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Јеховиниот син“, пишуваше на предната страна на маицата што ја носеше Чалоба под дресот. Англичанецот и претходно на социјалните мрежи се нарекуваше Божји син.

Јехова е едно од имињата на Бог во христијанството, а за Јеховините сведоци, христијанска деноминација, Јехова е единственото прифатливо име на Бог. Така, пораката на Чалоба говори за неговата вера, предизвика бројни коментари, повеќето од нив се во смисла на поддршка за ваквиот гест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мхитарјан полудел по поразот од Ливерпул: Ако ова е пенал, тогаш… (Видео)

Играчот за врска на Интер, Хенрик Мхитарјан не го криеше гневот по поразот од Ливерпул. То…