Тотенхем многу лошо влезе во сезоната, а навивачите минатата недела го доживеаа еден од најголемите порази, бидејќи нивниот тим беше поразен од Баерн со 7:2.
Многу играчи на Тотенхем се бледа слика од она што го гледавме од нив минатата сезона, а изгледа дека во најтешка ситуација е Деле Али. Тој минатото лето одлично играше за репрезентацијата на Англија, а по тоа за Тотенхем минатата сезона одигра 38 натпревари и постигна 7 гола, но оваа сезона целосно не е во форма и настапи во само четири натпревари, од кои само еден во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, Али испадна од последниот список на репрезентацијата на Англија, но изгледа е решен да се врати во форма. Младиот Англичанец ангажирал личен нутрициониста за да се обиде да ги запре повредите на мускулите со кои имаше проблем во последните 18 месеци и сега е на строга диета.
Исто така одлучи да ги намали своите активности кога станува збор за рекламите, се со цел да се фокусира на процесот на враќање во форма.