Дома Фудбал Фудбалерот на Реал пред финалето во ЛШ: Сити беше подобар, тие се најдобри во светот

Фудбалерот на Реал пред финалето во ЛШ: Сити беше подобар, тие се најдобри во светот

Реал Мадрид утре ќе се бори за својата 15-та европска титула и е голем фаворит за да ја освои во финалето против Борусија Дортмунд на „Вембли“.

Реал во нокаут фазата ги совлада Лајпциг, Манчестер Сити и Баерн, а на патот до трофејот треба да покаже дека е подобар од третиот претставник на Германија.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Конкретно, тимот на Карло Анчелоти се „тресеше“ во дуелот со актуелниот европски шампион Сити. Реал во тој двомеч беше „дебело“ надигран, но дома ремизираше 3:3, а на гости 1:1, па продолжи преку изведувањето на пенали.

Пред финалето во сабота, напаѓачот на Реал, Родриго конкретно се осврна на дуелите со Сити.

Мора да бидеме искрени, сите знаеме дека Сити беше подобар“, изјави Бразилецот и додаде:

„Според мене, Сити е најдобриот тим во светот, тие играат најдобар фудбал. Ги оставивме најтешките ривали зад нас, но тоа не значи дека ќе биде лесно во финалето. Се мачевме и против Баерн, веројатно така ќе биде и против Борусија, но целта е позната, тоа е титулата“, изјави Родриго, кој беше стрелец против Сити на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сагата продолжува: Мбапе спреми тужба за ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасч…