Дома Трансфер зона Фудбалерот на Барселона ноќното дружење со Нејмар може скапо да го плати

Фудбалерот на Барселона ноќното дружење со Нејмар може скапо да го плати

Пред неколку дена се појавија информации дека играчот на Барселона, Артур Мело го навлекол гневот на управата на клубот поради ноќното излегување со Нејмар. Меѓутоа сега се шпекулира дека тоа излегува може да го чини поскапо отколку што можеше да се претпостави.

Нејмар минатата недела престојуваше во Барселона бидејќи мораше да се појави на судењето поради парницата која ја отвори неговиот поранешен клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Враќањето во Барселона Нејмар го искористи да ужива во ноќниот живот.

Нејмар во вторникот се дружеше со Лео Баптистао и Артур Мело.

Артур Мело поради излегувањето со колегата од репрезентацијата се најде во проблеми.

Тој тоа го направил без дозвола од клубот и сега шпанските медиуми пренесуваат дека управата на Барселона ја изгубила довербата во овој фудбалер. Се очекуваше да добие некакви санкции, но сега се шпекулира дека би можел да биде дури и ставен на трансфер листата.

Се пишува дека Барселона нема да го продава Артур „по идна постапка“, но дека наскоро би можел да биде искористен како дел од пакетот за Нејмар.

Не е ова прв пат Артур да прави работи без довола на клубот. Во февруари оваа година тој отпатува во Париз за роденденот на Нејмар, исто така без да побара дозвола.

Тогаш јавно се извини и порача дека такво нешто нема да се повторно. Меѓутоа еве се повтори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…