Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерот на Барса изненаден: Не знам зошто не сум повикан во репрезентацијата

Фудбалерот на Барса изненаден: Не знам зошто не сум повикан во репрезентацијата

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба е изненаден од одлуката на новиот селектор на „Црвената Фурија“ да не го повика за натпреварите против Англија и Хрватска.

Алба искрено истакна дека не очекувал да биде изоставен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не очекував таква одлука. Но, исто така не очекував ниту да бидам повикан во 2012 за Европското првенство после сезоната во Валенсија. Не зависи од мене дали селекторот ќе ме повика“, изјави Алба после убедливата победа на Барселона над Хуеска од 8:2 во која и тој беше стрелец.

„Прославата на погодокот беше за мојот син. Тој ќе го сфати тоа кога ќе биде поголем“, одговори Алба и потенцираше дека нема намера да го повика Енрике за да го праша зошто не е повикан.

„Минатата сезона во Барселона за мене беше одлична. Засега добро работам во клубот, ќе видиме што ќе биде со репрезентацијата. Не знам зошто не сум повикан, знам кога играм лошо и кога играм добро. Не ми преостанува ништо друго освен да ја почитувам таквата одлука“, истакна Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…