Дома Фудбал Останато Фудбалерот на Арсенал на сред натпревар вчера мораше да оди во тоалет (ФОТО)

Фудбалерот на Арсенал на сред натпревар вчера мораше да оди во тоалет (ФОТО)

Интересна се случи вчера на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Наполи и Арсенал.

Дефанзивецот на лондонскиот тим, Начо Монреал во еден момент исчезна од теренот на стадионот „Сан Паоло“, а многумина се прашуваа што се случило со него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината за неговото „исчезнување“ е едноставна. Шпанскиот фудбалер морал да оди до тоалет и буквално ги прескокна рекламите за што побрзо да стигне до соблекувалната.

Секако откако дознаа што се случило со искусниот дефанзивец, навивачите на друштвените мрежи започнаа да му „фаќаат“ сеир.

„Начо Монреал отиде да к*ка на сред натпревар“, напиша еден од навивачите, додека друг додаде:

„Се надевам дека барем си ги изми рацете“.

Навистина интересна ситуација во која се најде фудбалерот на Арсенал, но не е тој единствен кој се нашол во ваква ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул сака да го замени Исак со напаѓач за кој ПСЖ плати 80 милиони евра!

Ливерпул има намера да го обезбеди напаѓачот Гонзало Рамош од Пари Сен-Жермен на шестмесеч…