Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес конечно ја запиша својата прва победа во квалификациите.
Фудбалерките денес го победија Казакстан со 4:1. Триумфот дојде најмногу благодарение на нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова која постигна хет-трик и запиша една асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат фудбалерките победија во претквалификациите уште во март 2011 година кога ги победивме Луксембург (5:1) и Летонија (1:0). Од тогаш немаме победа на официјални квалификации. Во тој период имавме учинок од три нерешени натпревари и 25 порази.
Андонова која неодамна се врати во репрезентацијата после три години пауза денес беше предводничка до триумфот. Победата беше најавена со нејзиниот гол во шестата минута, за во 14-тата да и асистира на Гентијана Рочи, во 28-та Андонова од пенал погоди за веќе 3:0. Во вториот Казакстан преку Мјасникова намали на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Рочи со нејзниот втор гол.
Следен натпревар на фудбалерките е со Србија за три дена исто така на домашен терен (тренинг-центарот „Петар Милошевски“).