Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерките изгубија од Замбија

Фудбалерките изгубија од Замбија

Maкедонската женска репрезентација во изминатата деценија претрпе бројни високи, па и двоцифрени порази од европските ривалки, а сега избраничките на Кирил Изов беа поразени од Замбија.

Нашата репрезентација во некомплетен состав игра на турнир во Анталија, Турција и денес го одигравме првиот натпревар во групата во која се уште Бигарија и Естонија. Нашата репрезентација загуби со голот кој го примивме во последната минута на Хелен Чанда.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во цела деценија македонската женска фудбалска репрезентација победи само петпати, две победи беа против Летонија во последниот мундијалски циклус.

На турнирот во Турција во следниот натпревар играме против Бугарија за три дена, а потоа не чека Естонија на 21-ви февруари.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОВОЈ ТУРНИР

Голмани: Викторија Панчурова, Лина Самарџиевска, Теа Драганова;

Одбрана: Даниела Велеска, Елена Панеска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Елена Петровска, Ана Милчевска, Александра Јовановска;

Среден ред: Теа Божиновска, Наташа Андонова, Елма Шемсовиќ, Ленче Андреевска, Мила Талевска, Александра Марковска, Хава Мустафа;

Напад: Гентијана Рочи, Бојана Петкова, Јилза Максути, Радица Чонева, Кристина Петрушевска, Јулија Живиќ;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…