Денес преку друштвените мрежи можат да се дознаат многу работи, па така е и „откриено“ новото засилување на Милан.
Милан е во потрага по нов стопер и изгледа дека тој нов стопер ќе биде 20 годишниот француски дефанзивец, Мохамед Симакан. Симакан е стопер кој може да игра и како десен бек.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите и пишуваа дека трансферот е блиску до реализација, а првата најава стигна од фризерот на Симакан. Тој на фотографијата со новата фризура на Симакан додаде опис „последна“.
Официјална потврда од Милан или Стразбур за овој трансфер се очекува многу брзо.