Француските медиуми најавуваат бурно лето во Париз.
Уште од елиминацијата во Лигата на шампионите од Реал Мадрид познато е дека ќе има промени на кормилото и дека заминувањето на Унаи Емери е неминовно бидејќи не направи исчекор во Лигата на шампионите. Очекувањата се него да го наследи Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, изгледа дека ќе има промени и во играчкиот кадар.
Радиото „РМС“ дознава дека оваа сезона е последна во клубот за капитенот Тиаго Силва и играчот за врска Хавиер Пасторе.
Двајцата во „градот на светлината“ пристигнаа од Италија, Аргентинецот од Палермо во 2011 година, Бразилецот од Милан една година подоцна.
Низ медиумите веќе некое време се појавуваат инфоромации дека и едниот и другиот би можеле да се вратат на Апенините. Се шпекулира дека Силва би можел да се врати во Милан, додека Пасторе уште од зимскиот преоден рок се поврзува со Интер.
Веста за заминувањето од ПСЖ надвор од медиумскиот простор од француското говороно подрачје ја лансираше преку Твитер Џонатан Џонсон, новинар кој работи за „ЕСПН“ и е задолжен за Лига 1 и случувањата во францускиот фудбал.
According to RMC, it is the end of the line for captain Thiago Silva & Javier Pastore with PSG. https://t.co/95Dc8eaIFC
— Jonathan Johnson (@Jon_LeGossip) April 17, 2018