Дома Останати Тенис Французин ја имаше најдолгата низа во тенисот: Кога ја започна Ѓоковиќ и Надал немаа ниту еден грен-слем

Французин ја имаше најдолгата низа во тенисот: Кога ја започна Ѓоковиќ и Надал немаа ниту еден грен-слем

Францускиот тенисер Ришар Гаске прекина неверојатна низа откако испадна од топ 100 тенисери во светот по дури 956 недели поминати помеѓу најдобрите 100 тенисери во светот.

Гаске од топ 100 испадна по поразот од сонародникот Артур Фиш во првата рунда на Оукленд со 6:3 и 6:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На овој турнир Гаске ја бранеше титулата, па поради тоа поразот за него значи пад од 76-тото место на кое сега се наоѓа. Повеќе од 18 години (од април до 2005 година) Гаске беше помеѓу најдобрите 100, а во 2007 година го оствари најдобриот резултат во кариерата и беше седми во светот.

Интересно е да се каже дека кога Гаске дојде до топ 100 Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал немаа ниту еден грен-слем трофеј и ова само дополнително покажува за каква низа се работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал: Тешко е, но ова е – збогум!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не одигра толку лош турнир во Мадрид, но учеството го заврш…