Прволигашот Пелистер продолжи да се засилува во пресрет на новата сезона.
Сега во Битола пристигна Глоир Антонио, француски интернационалец кој треба да го засили нападот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Покрај Французинот во Битола пристигна и Виктор Крстевски. Пелистер поради финансиските проблеми кои ги имаше до неодамна не можеше да се засилува, но сега кога во клубот дојде ново раковдство има уште малку време до крајот на преодниот рок за нови имиња.
Сезоната Пелистер ја стартува утре со гостински натпревар против Македонија Ѓорче Петров.