Дома Фудбал Англија ФОТО: Јеовил по натпреварот „го пецна“ Санчез

ФОТО: Јеовил по натпреварот „го пецна“ Санчез

Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез синоќа дебитираше во дресот на Манчестер Јунајтед, а по натпреварот беше прогласен и за играч на мечот.

Неговиот Манчестер Јунајтед го победи Јеовил со 4:0 во рамките на ФА Купот, а Алексис запиша една асистенција за 72 минути поминати на теренот. По натпреварот, Чилеанецот беше прогласен за најдобар играч, но тоа не му се допадна на Јеовил, а овој клуб преку Твитер се огласи за тоа:

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Алексис Санчез е прогласен за најдобар играч на натпреварот. Не сме сигурни кој тоа го избра, но тоа е комерцијално донесена одлука, ако воопшто и се смета како точна“, напиша Јоевил.

Рака на срце, Алексис исто така имаше и неколку лоши потези и не одигра особено добар натпревар, но сепак запиша асистенција за голот на Ерера и освен тоа учествуваше во акцијата на првиот гол и може да се смета дека влијаеше на голот на Рашфорд. Потсетуваме, Санчез во Јунајтед пристигна пред неколку дена од Арсенал, а прилика за деби во Премиер лигата ќе има во среда кога „Црвените ѓаволи“ им гостуваат на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид започнува офанзива за бразилското „чудо од дете“, нудат 50 милиони евра за него

Реал Мадрид повторно покажува дека сериозно вложува во иднината, а најновите информации зб…