Дома Фудбал Останато Фото: Скапоцената колекција на Нејмар, кој е најскапиот, а кој најефтиниот автомобил – поседува и авион

Фото: Скапоцената колекција на Нејмар, кој е најскапиот, а кој најефтиниот автомобил – поседува и авион

Во изминатите неколку години бразилскиот фудбалер Нејмар инкасираше огромна сума на пари, а минатото лето стана најкапиот фудбалер во историјата со трансферот за сума од 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.

Според последните информации Нејмар има огромен договор со ПСЖ, а сметајќи ги и приходите од реклами неделно стигнува до заработка и до 775.000 фунти. Нејмар сака да троши на скапи автомобили, а неговата колекција вреди навистина многу.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Нејмар може да се пофали дека е еден од неколкуте луѓе во светот кои во својата колекција има „Масерати MC12“. Во светот има само 50 вакви авомобили и нивната цена е 415.000 фунти.  Бразилецот има и „Ферари 450“ кое има вредност од околу 160.000 фунти.

Исто така е љубител и на „Ауди“ и поседува неколку модели. Најскапиот модел е „Р8 Спајдер“ кој вреди околу 120.000 фунти.

Најефтиниот автомобил во колекцијата на Нејмар е „Волсфаген Туарег“ – 44.000 фунти.

Покрај скапата колекција автомобиле Нејмар поседува и приватен авион кој го купи за шест милиони фунти. Некогаш имаше и јахта, но истата му беше одземена поради затајување на данок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар ќе се соочи со Струга во финалето на македонскиот Куп

Финалето на Купот на Македонија сезонава ќе понуди возбудлив дуел меѓу Вардар и Струга – д…