Клубот кој шест пати по ред е шампион на Италија, Јувентус денеска го промовира дресот за сезоната 2017/2018.
Самиот дрес не има премногу промени, а најголемата разлика во однос на минатата е, секако, новиот грб кој следната сезона ќе ја има својата премиера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот дрес на Јувентус е веќе на подажба на официјалниот сајт на клубот, а неговата цена е 89,95 евра за возразни и 69,95 за деца.
Потсетуваме, Јувентус на почетокот на годината го презентираше својот нов грб, кој наиде на многу негативни коментари, но од клубот им порачаа дека ќе им ја отвори вратата за дополнителен пробив на брендот на светскиот пазар.
Така, Јувентус ќе ја има својата модна марка, синџир на хотели, ресторани…, а се очекува и заработката од ова да биде многу повисока за разлика од предтоа.