Иван Перишиќ повеќе нема да го носи дресот на Интер, барем не во оваа сезона.
Следната дестинација на Перишиќ ќе биде Баерн. Тоа го потврди фотографијата која ја објави познатиот германски весник „Билд“. Хрватскиот репрезентативец денеска околу 11:30 часот ги направи лекарските прегледи во германската болница, по што го чека потпис на договорот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Да, само што ги направив лекарските прегледи“, изјави Перишиќ за германските новинари.
Неговиот трансфер во Баерн би требало да биде официјализиран денеска. Станува збор за едногодишна позајмица во износ од пет милиони евра и е со право на откуп за сума од 20 милиони евра. Перишиќ претходно во Бундеслигата настпуваше за Борусија Дортмунд и Волфсбург.
Bayern-Neuzugang schon da – Perisic zum Medizin-Check in München https://t.co/LBdkpHTXTW
— BILD (@BILD) August 12, 2019