Ова е дел од сезоната кога се појавува дизајнот на новите дресови кои фудбалските клубови ќе ги носат наредната сезона.
Порталот „Footyheadlines“, кој секоја година непогрешливо го претставува изгледот на спортската опрема, ги откри новите дресови на Реал Мадрид за сезоната 2017/18.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од приложеното се гледа дека „кралскиот“ дрес претрпил незначитечни измени во однос на сегашниот. Компанијата „Адидас“ одлучила наместо сегашните темно-сини бои да употреби посветли варијанти за буквите со кои е испишано логото на спонзорот „Флај Емирати“, како и линиите на ракавите.
Покрај традиционалниот бел дрес во кој екипата на Зидан ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“, претставени се и другите две гарнитури. Втората гостинска гарнитура е црна, а третата е плаво-зелена на која Реал ќе игра натпревари од ЛШ.