Навачите на „Ферари“ не го забораваат својот легендарен возач и на тестирањето во Барселона поставија огромен транспарент „Михаел засекогаш“.
На главната трибина на патеката „Каталуња“ навивачите поставија банер од 30 метри, во знак на поддршка за седумкратниот светски шампион.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шумахер, кој освои пет титули со Ферари, уште заздравува од сериозните повреди на мозокот по падот на скијање во декември 2013 година, по што беше во медицински индуцирана кома.
Шумахер освои две титули со Бенетон во 1994 и 1995, пред да биде дел од најславната генерација на Ферари, освојувајќи ги титулите од 2000 до 2004 година. Тој се уште е рекордер по бројот на титули, победи, подиуми, најбрзи кругови и поени.