Репрезентативците на Хрватска моментално се наоѓаат во САД каде се припремаат за пријателските натпревари против Перу и Мексико.
Синоќа се одлучија да го гледаат НБА натпрварот помеѓу Мајами и Њујорк, а таму го сретнаа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Играчот на Барселона, Иван Ракитиќ веднаш објави фотка на Инстаграм со коментар „Голема чест“ на која тој Модриќ, Перишиќ и Ковачиќ позираат со Ѓоковиќ.
Хрватските фудбалери беа специјални гости на натпреварот, па објавија и фотографија на која пред почетокот на мечот позираат со дресови на Мајами со нивните имиња.
Ѓоковиќ како голем спортист им посакал среќа на Мундијалот во Русија.