Фудбалерите на Јунајтед знаеа како да ја прослават победата над Евертон.
Јунајтед го декласираше Евертон на „Олд Трфорд“ со убедливи 4:0 и така ја продолжи серијата победи.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
После натпреварот двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед знаеа како да се опуштат, па тргнаа во ноќен живот.
Британските таблоиди објавија фотографии од Ентони Марсијал и Матео Дармијан, како чекаат пред влезот на еден ноќен клуб. Не е познато дали Мурињо им го дозволил тоа на фудбалерите.
Иначе познато е дека Португалецот сака дисциплина, па доколку фудбалерите не добиле дозвола од Мурињо би можеле и да бидат изоставени за наредниот натпревар.