Барселона на крајот на оваа сезона одлучи да го промени својот главен спонзор, па на предниот дел на дресот од овој клуб повеќе нема да пишува „Qatar Airways“, туку „Rakuten“.
Каталонскиот клуб пред дваесетина дена го претстави дресот во кој Барселона ќе игра на домашен терен, кој доби преодна оценка кај навивачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, денеска во јавноста протекоа фотографии за третата гарнитура на дресови на Барселона, но тие фотографии ги разочараа навивачите на овој славен клуб.
Третиот дрес на Барса за кратко време стана предмет на исмејување на социјалните мрежи, а ниту навивачите на клубот не можеа да скријат дека се разочарани.
Тие најавија дека се надеваат дека нивниот сакан клуб следната сезона ќе одигра што помалку натпревари во овие дресови.