Напаѓачот на Челзи Диего Коста уште еднаш јавно покажа каде сака да ја продолжи кариерата.
28-годишниот напаѓач не отпатува со тимот на турнеја во Азија, исто како и Немања Матиќ, а на Инстаграм објави видео со дрес на Атлетико Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште пред извесно време медиумите објавија дека Диего Коста сака да се врати во клубот каде играше од 2010 до 2014 година, но „јорганџиите“ сеуште немаат постигнато договор со англискиот шампион.
Коста има договор со Челзи до 2019 година, но Конте јасно му стави до знаење дека нема да смета на него, па напаѓачот сигурно ќе ја промени средината ова лето.
Diego Costa se pone la camiseta del Atlético… ¡y se cachondea de Conte! ▶ https://t.co/lHpZx4Mw9c pic.twitter.com/DiDiju35Dl
— MARCA (@marca) July 16, 2017
Атлетико поради казната од УЕФА не смее да регистрира нови фудбалери до јануари, но Коста е спремен да оди на позајмица во првиот дел од сезоната.