Дома Луд Спорт Фото: Бистата на Роналдо стана предмет на потсмев во целиот свет!

Фото: Бистата на Роналдо стана предмет на потсмев во целиот свет!

Аеродромот во Мадеира, местото каде што е роден еден од најдобрите светски фудбалери, Кристиано Роналдо, вчера и официјално беше преименуван во чест на освојувачот на четири „Златни топки“.

„Да видам дека аеродромот го носи моето име е посебна чест. Сите знаат дека се гордеам со своите корени“, изјави 32-годишниот Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На свечената церемонија присуствуваа и претседателот и премиерот на Португалија, кои лично го открија плакетот и бистата на Роналдо пред аеродромот.

Токму таа статуа предизвика многу контроверзи и стана хит на социјалните мрежи. Уметникот кој добил задача да ја направи очигледно не си ја завршил добро работата, па веднаш почнаа мајтапи на сметка на најдобриот фудбалер во светот.

Знаејќи колку голем его има Кристиано, веруваме дека не очекувал дека еден од најубавите денови во животот ќе му го расипе лошата работа на еден скулптор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…