Дома Топ вести Фото: Атлетико јавно изрази незадоволство од судењето во дербито!

Фото: Атлетико јавно изрази незадоволство од судењето во дербито!

Арбитражата на вчерашното мадридско дерби предизвика лавина на коментари, па од Атлетико јавно го изразија незадоволството од судињето на Естрада Фернандес.

Симеоне на пресконференцијата не сакаше да го оправдува поразот со судиските одлуки, но Атлетико на својот официјален Твитер профил публикуваше три фотографии со кои покажа дека тимот бил оштетен во три клучни моменти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Јорганџиите“ сметаат дека пеналот во полза на Реал е досуден неправедно бидејќи стартот на Хименез над Винисиус е направен надвор од казнетиот простор.

Втората слика ја илустрира ситуацијата од второто полувреме кога голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд. Меѓутоа на сликата со графика се гледа дека напаѓачот е во линија со Серхио Рамос.

Третата спорна ситуација според Атлетико е недосудениот пенал над Мората бидејќи сметаат дека Каземиро направил фаул над напаѓачот во казнетиот простор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо за “дебели” пари “украде” напаѓач кој го сакаа Интер, Наполи и Јуве?!

Поранешниот фудбалер на Лил, Џонатан Дејвид (25), најверојатно ќе го засили Фенербахче, пр…