Дома Фудбал Фотографија од 2007. Бебето покрај Меси денес е играч од 90 милиони евра

Фотографија од 2007. Бебето покрај Меси денес е играч од 90 милиони евра

Во четвртфиналето на Европското првенство денеска од 18 часот играат Шпанија и Германија. Еден од најдобрите играчи на „Фуријата“ е Ламине Јамал (16), кој вреди 90 милиони евра и игра на позицијата десно крило.

Чудото од дете на Барселона веќе забележа 11 настапи и постигна два гола за сениорската репрезентација на Шпанија и важи за еден од најдобрите играчи во светот.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Во пресрет на натпреварот, на социјалните мрежи се појави неверојатна фотографија која ја објави таткото на Јамал во 2011 година. На фотографијата е Лионел Меси (37), тогаш 20-годишен и првотимец на Барселона. Меси и мајката на Јамал го држат Ламине, кој има само неколку месеци. Фотографијата ја сподели и Фабрицио Романо, а нејзината автентичност ја потврди и таткото на Јамал.

Меси тогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, а Јамал штотуку беше роден. Јамал во 2021 година започна да игра за младинскиот тим на Барселона, а досега има одиграно 51 натпревар за сениорскиот тим. Постигна седум гола и десет пати асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Алкантара стави крај на кариерата

Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Тиаго Алкантата одлучи да стави крај на пр…