Дома Трансфер зона Така тоа го прави Марота: Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Така тоа го прави Марота: Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Eкипата на Интер соопшти дека полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински пристигнува во Ломбардија како слободен играч по истекот на договорот со „наполитанците“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зјелински целата своја професионална кариера ја изгради во Италија, каде на големата сцена се појави како фудбалер на Удинезе, за кој настапуваше две сезони, по што следуваше позајмица во Емполи.

По добрите игри, Наполи го донесе во 2016 година за сума од 16.000.000 евра и мина осум години на југот на Италија каде ги освои Скудетото и Купот на Италија.

Наскоро се очекува и официјалното доаѓање на Мехди Тареми во Интер од Порто, а блиску е и потписот на голманот на Џенова, Хосеп Мартинез, за ​​кого „нероазурите“ ќе платат 13.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…