Дома Топ вести Фотографија која никого не остава рамнодушен – Иниеста на неколку минути пред влез во салата…

Фотографија која никого не остава рамнодушен – Иниеста на неколку минути пред влез во салата…

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста на вчерашната прес-конференција потврди дека на крајот на оваа сезона го напушта каталонскиот клуб.

Иниеста во својата досегашна кариера во Барселона освои повеќе од 30 трофеи, а за овој тим дебитираше во 2002 година и одигра повеќе од 400 натпревари, но после 16 години поминати во првиот тим одлучи дека е време кариерата да ја продолжи во некој друг клуб.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Капитенот на Барселона ја објасни својата одлука за напуштање на клубот (повеќе за ова можете да видите тука). Во текот на конференцијата Иниеста, а и поголемиот дел од оние кои присуствуваа во салата не можеа да ги задржат солзите.

Камерата на „Барса ТВ“ го фотографираше Иниеста неколку минути пред тој да биде повикан во салата. Солзите на Иниеста доволно зборуваат што претставува Барса за него…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѕвездата на Борусија Дортмунд сака само во Челзи

Крилото на Борусија Дортмунд, Џејми Бајноу-Гитенс не сака да слуша понуди од други клубови…