Денес во тренинг центарот „Жоан Гампер“ се одржа конференцијата за медиумите на која Андрес Иниеста ја соопшти својата одлука за напуштање на Барселона.
Како и што се очекуваше Иниеста потврди дека ја игра последната сезона на „Ноу Камп“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Целиот свој живот го поминав во Барселона, бев дел и од Ла Масија и ова е навистина тешка одлука за мене, благодарен сум на сите во клубот. Ми претставуваше чест да ги бранам боите на клубот сите овие години. Наскоро не ќе можам да го дадам најдоброто, посебно тоа се однесува на физичката форма. Сакам да си заминам и да оставам простор на помладите. Секогаш ќе ја носам Барселона во моето срце. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене и во добро и во лошо“.
„Поминав толку убави денови и моменти, освоив многу трофеи, но ако мораме да изберам еден момент тоа е моето деби за овој клуб. Барса ми даде се во животот“
„Како што кажав никогаш нема да се натпреварувам против мојот клуб. На крајот од сезоната ќе го откријам името на клубот за кој ќе настапувам во иднина“.
Очекувањата се Иниеста да замине во Кина.
? Iniesta: "Barça has given me everything" #Infinit8Iniesta pic.twitter.com/ibvMm6SSjg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 27, 2018
Iniesta crying #fcblive pic.twitter.com/2wkcqek3DP
— Barcastuff (@barcastuff__) April 27, 2018