Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид одиграа одличен натпревар со шанси на двете страни и три погодоци.
Избраниците на Зинедин Зидан започнаа подобро, „кралевите“ создаваа шанси пред голот на Де Геа. Првата посериозна шанса на „Филип Втори“ ја пропушти Касемиро кој после еден корнер ја погоди пречката од голот на Кејлор Навас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, само неколку минути подоцна истиот играч имаше нова прилика и ја искористи, Реал Мадрид стигна до предност. До крајот на првиот дел следуваше мирен период, па на полувреме се замина со минимална предност за шпанскиот гигант.
Во вториот дел Јунајтед започна многу подобро, иако Реал повторно ја имаше иницијативата. Во 52 минута после една одлична акција, Иско успеа да погоди и да зголеми на 2:0. Само неколку моменти подоцна, Лукаку пропушти фантастична прилика на спротивната страна.
Сепак, нешто слично како и во првото полувреме, Лукаку доби „поправен“ и овој пат не згреши, Јунајтед намали на 2:1
Во тие моменти „црвените ѓаволи прикажаа“ игра со која имаа право да се надеваат на израмнување, но до крајот резултатот не се менуваше, па „кралевите“ победнички го напуштија Скопје.
Голот на Касемиро
Голот на Иско
Голот на Ромелу Лукаку
Моментот кога македонската публика имаше прилика на теренот да го види Кристиано Роналдо, кој го замени Карим Бензема во 83 минута од натпреварот.