Дома Фудбал Останато Фото+Видео: Овој човек е ХИТ во светот – Од навивач стана судија среде натпревар!

Фото+Видео: Овој човек е ХИТ во светот – Од навивач стана судија среде натпревар!

sudija

На еден сосема обичен натпревар од белгискиот куп се случи нешто невидено до сега, Генк после регуларниот дел во кој беше 1:1 славеше после изведувањето на пенали против тимот на Мехелен и така се пласираше во четвртфиналето.

После повредата на главниот судија Кристоф Диерик го замени четвртиот судија Николас Лафорџ. Но набрзо се повреди и линискиот судија Том Денс, па спикерот преку микрофонот упати прашање до гледачите дали некој има искуство со судење.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се јави 45 годишниот Лук Босман кој задачата линиски судија ја извршуваше во продолженијата и тоа го направи сосема добро. Малку е да се каже дека неговата појава во судискиот дрес предизвика воодушевување на трибните, а херојот од целата приказна не ја криеше радоста и покрај поразот и елиминацијата на својот клуб.

„Ова беше втор најдобар момент во мојот живот. Го следев овој клуб низ бројни успеси и падови. За жал денес бевме поразени, но јас добив прилика да го гледам натпреварот од најдобрат можна позиција на теренот“, порача Босманс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…